
Би сакале да ја поздравиме и да ја потенцираме важноста на одлуката на Владата на Република Македонија да инвестира и да основа Државна клиника за кардиохирургија. Државна Клиника за кардиохирургија е еден голем и значаен проект за македонското здравство. Оваа клиника беше најавувана од многу Влади во претходните децении, но конечно во следните години и ќе се оствари. Одлуката да се отвори Државна кардиохирургија е направена по спроведената сериозна анализа дека има потреба од градба и нејзино отворање и дека е редно време овој проблем да се надмине и реши. Актуелните епидемиолошки податоци поврзани со стапката на морбидитет и морталитет, како и показателите за сериозноста на кардиоваскуларните заболувања ја потврдуваат потребата од основање на клиниката. Со отварањето на оваа клиника ќе се реши децениски проблем во македонското здравство кој многу претходни влади не успееја да го решат – посочи денеска Харалампие Шокаровски од ВМРО-ДПМНЕ
Како што е најавено, Клиниката за кардиохирургија ќе биде во Универзитетската клиника за кардиологија, во адаптиран простор од 600 метри квадратни, поделени на приемен дел, амбулантен дел, стационар со шест легла, оперативен блок со две операциски сали со субстерилизација и рикавери, како и интензивна нега со седум кревети. За овој проект се одвоени 43 милиони денари, а ќе се реализира за најмногу 4 месеци. Оваа здравствена установа ќе биде опремена и со најсовремена опрема за вршење на кардиохируршка дејност, за која од буџетот ќе бидат обезбедени 106 милиони денари.Во Државната клиника за кардиологија оваа година предвидено е да бидат извршени најмалку 50 операции, а за реализација на овој проект Министерството за здравство одвои 150 милони денари.
-Паралелно со тие активности, на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се отвори катедра по кардиохирургија. Најмалку десет специјализанти ќе се запишуваат секоја година на оваа катедра и на тој начин за неколку години ќе дојде до посериозен развој на кардиохирургијата во Македонија. Среќни сме и задоволни што денес граѓаните добиваат квалитетна здравствена грижа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е првата Влада која обезбеди нова медицинска опрема во болниците ширум Македонија. Тоа се мамографи, компјутерски томографи, магнетни резонанци, литотриптори, ангиографи, акцелератори и многу други апарати кој влијаат за брзо и ефикасно дијагностицирање и лекување на пациентите. Исто така, оваа Влада е единствена до сега која се посвети на реконструкција на болниците и изградба на нови, како и на континуирана обука и едукација на лекарите. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поздравуваме овие одлуки и сакаме да ја охрабриме Владата и Министерството за здравство да продолжат со проектите во оваа област бидејќи здравството е една од најзначајните области во секое општество кое континуирано треба да се подобрува. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи, чесно и одговорно да се грижи за потребите на граѓаните на Република Македонија и ќе ги решава проблемите кои СДСМ додека беше на власт не најде време да ги реши – беше посочено на денешната конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


