
Во изминатата година покажавме дека успесите се достижни. Се разбира за нивно постигнување потребни се труд, време и секако финасиски можности за реализирање на зацртаните проекти и развојни цели. Постигнатите резултати и успесите се поголеми кога се заслужени и кога се вреднувани од пошироката заедница. За мене како човек, големо значење имаше поддршката што ја добив од локалното население, како предизвик и мотивација, за реализација на проектите што рековме дека ќе ги исполниме и мерките што ветивме дека ќе ги спроведеме. Вербата во развој, сигурна иднина и пристоен живот беа преточени во соодветна изборна програма. Наша желба беше да понудиме програма со која ќе се овозможи Општина Валандово да биде пристојно и посакувано место за живеење. Нашите проекти беа реални и остварливи, во рамките на финансиските можности и ресурсите со кои располагаме – посочи Николче Чурлиновски, градоначалник на Општина Валандово.
Тој посочи дека е завршена е првата фаза од канализациониот систем за отпадни води за населените места Брајковци, Балинци и Марвинци и собирен колектор со прочистителна стница – Прва фаза, преттретман во износ од 33.000.000 денари, средства обезбедени од Владата на Република Македонија, потоа инфраструктурното уредување на Индустриска зона „Раброво“ со доиизградба на атмосферската и фекалната канализација и тампонирањето на сообраќајниците е во завршна фаза, во износ од 10.500.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Валандово.
-Поставено е улично осветлување по должината на регионалниот пат Р-110 (с.Раброво-с.Удово) и регионалниот пат Р-116 (Оранжерии – с.Марвинци), асфалтирање на улици во градот и населените места. Во областа на животната средина со проект „Еднакви услиги за сите“ набавен е камион за собирање и транспорт на комунален отпад од 10м3 и набавка на 120 поцинкувани контејнери од 1,1 м3, наменет за граѓаните од населените места Пирава, Јосифово, Удово и трите Бојмиски села Брајковци, Балинци и Марвинци, спроведен преку Форумски сесии, набавено е противпожарно возило, во месец мај 2013 година, преку донација од Операција Флоријан од Велика Британија, во вредност од 50.000 евра, а учеството на Општина Валандово изнесува 6.000 евра – рече градоначалникот, детално посочувајќи што се е направено во оваа општина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски од Валандово: СДСМ велат дека дошол живот за сите, но реалноста е друга (видео)
-
Мицкоски: Валандово е заборавено од владата! (галерија)
-
Мицкоски порача од Валандово: Економската сигурност мора да се врати, помислата за нови инвестиции станува невозможна!
-
Маж повеќе пати полово нападнал 8 годишно девојче, пробал да ја силува и нејзината сестра


