| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе го спречува Израел да го нападне Иран?

Американскиот претседател Барак Обама оваа пролет ќе го посети Израел со цел да го разубеди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од напад на Иран, тврди неименуван официјален претставник на Израел за израелското воено радио.

Според овој извор, посетата е итна поради говорот на Нетанјаху во ОН минатата година кој ја означи пролетта 2013 –та како значаен момент во контекст на иранската нуклеарна закана. Затоа Обама е загрижен дека Нетанјаху ќе реши да го нападне Иран наскоро кога ќе ја има поддршката од новата влада и кога ќе може да формира нов безбедносен кабинет во кој нема да има противници на таквиот потег.

Американскиот претседател наводно ќе му ја пренел следната порака: „Не го напаѓајте Иран, оставете јас да се занимавам со Иранците сходно моето разбирање и ако е неопходно јас ќе преземам акција. Ние имаме можности кои вие ги немате.“

Израелскиот премиер денеска изјави дека претстојната посета на американскиот претседател ќе биде многу важна да се истакне силната американско-израелска врска за време на „бурата“ во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top