Со едногласна одлука на Советот на Град Скопје, Сергеј Самсоненко стана прв сопственик на фудбалскиот клуб Вардар. Рускиот бизнисмен влезе во историјата на клубот, а довербата ја доби едногласно. Во наредните денови треба и официјално да се потпише договорот за 100-процентна сопственост на Самсоненко.
„Едногласно беше прифатена купорподажбата на ФК Вардар од сите членови на Советот на Град Скопје. Се надеваме дека ќе продолжи развојот на клубот под раководство на новиот сопственик“, изјави на средбата со новинарите Ирена Мишева, престедател на Советот на Град Скопје.
Самсоненко со ова прави трилинг во „црвено-црното“ семејство, откако претходно доби шанса да ги спонзотира ракометните клубови РК и ЖРК Вардар.
„Гарантирам дека ќе работием чесно и посветено. Во понудата наведфовме дека ќе вложуваме по 1,5 милиони евра годишно, но тоа ќе биде минимумот. Ќе се потрудиме влогот да биде многу поголем и да бидеме постојани учесници во Лигата на шампионите“, изјави Самсоненко.

Задоволен од успешно завршената мисија и продажба на пакетот акции што ги поседуваше Град Скопје (51 посто) е и градоначалникот Коце Трајановски.
„Вложивме 75 милиони денари, откако во 2011 година го презедовме ФК Вардар, со цел да го спасиме клубот од проблемите во кои се најде. Горди сме дека ја остваривме целта, и најдовме стабилен финансиер, што ќе продолжи да го развива клубот. Верува,ме дека Господинот Самсоненко ќе го крене ФК Вардар на многу повисоко ниво“, изјави Трајановски.
Од првиот сопственик на ФК Вардар во клупската историја најавено е дека ќе се гради спортски камп со два до пет терени за тренинзи и камп. Шампионот останува на „Филип втори“ арената и таму ќе ги игра натпреварите, а до крајот на годината според договорот со ПУИГ и Град Скопје нема да плаќа за користење на стадионот.
Засега во клубот пристигнаа две засилувања, повратникот Филип Ивановски и поранешниот македонски репрезентативец Илчо Наумоски, а договорено е да пристигне и еден стопер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


