– Сакам да им се заблагодарам на организаторите и сите спонзори кои го овозможија овој одличен турнир. И се извинувам на публиката што турнирот се заврши на овој начин. Се трудев многу напорно, Ви благодарам за поддршката и се гледаме за 12. месеци, изјави Надал по поразот од Вавринка во финалето на турнирот во Мелбурн – изјави Рафаел Надал откако денеска загуби од швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка на гренслем-турнир Австралија опен (АО) со 3-1 во сетови (6-3, 6-2, 3-6, 6-3).

На Вавринка ова му е прв триумф на еден од четирите најголеми тениски турнири. Надал се пожали на болки во ’рбетот. Но тоа не ја оспорува победата на Вавринка кој уште во првиот сет одигра одлично.
фото:ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


