Елисејската палата официјално соопшти дека претседателот Франсоа Оланд се разделува од Валери Триервеилер, јавува дописникот на МИА од Париз.
Веста се очекуваше и таа не изненадува по откривањето на врската меѓу Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје на почетокот од годинава.
Самиот Оланд најави дека тој ќе ја разјасни ситуацијата во неговиот приватен живот пред заминувањето во САД, каде е поканет од семејството Обама. Според весникот Журнал ди Диманш, кој прв ја објави веста за официјализирањето на разделбата на претседателската двојка, Оланд и Триевеилер се договориле за разделбата минатиот четврток.
Валери Триервеилер ќе треба да ја напушти резиденцијата на претседателот на француската република Лантерн, во Версај и да се пресели во станот на улицата Коши во 15-от париски аронсисман.
Нејзиното патување во Индија нема да биде откажано, таа ќе го посети Бомбај во име на асоцијацијата Акција против гладот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.