Утре, недела во 12 часот Град Скопје и новиот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги објават деталите за куппродажбата на најтрофејниот спортски колектив во Македонија.
Рускиот бизнисмен неодамна беше единствениот што се пријави на огласот за продажбата на целиот пакет акции во ФК Вардар, што дотогаш беше поделен на два дела, 51 процент во владение на Град Скопје и 49 проценти на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор или поранешен ПУИГ.
Самсоненко го купи ФК Вардар за 81 илјади евра, колку што беа проценети акциите од Град Скопје и од АДССДП и направи трилинг во „црвено-црното“ семејство, откако претходно стана главен спонзор и на ракометните клубови во двете конкуренции.
Прес-кофренецијата утре ќе се одржи во просториите на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.