| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Легендарни реакции на неправдата – кој е побесен, Голужа, Миличиќ или Балиќ?

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Славко Голужа во рафална стрелба ги обвини Данците дека сториле се насила да го добијат полуфиналниот меч против неговите избраници на Европското првенство што е во тек.

„Живеевме како животни. Се селевме во три града, а Данците играат само во Хернинг. И тоа не беше доволно, па имаа и помош од судиите. Вакво судење е срам за спортот“, изјави Голужа на прес конференцијата по полуфиналниот дуел меѓу Данска и Хрватска, што домаќините го добија со 29-27 и си закажаа меч за златен медал против Французитe.

Реакцијата е тазе, се се случуваше вчера, а Голужа со право им конкурира на сонародникот Ивано Балиќ, кој реагираше бурно по поразот од домаќинот Србија на ЕП 2012, исто така во полуфинален дуел, и на легендарната и фуриозна стрелба на српскиот кошаркар Дарко Миличиќ, по поразот на неговата репрезентација од Грција на ЕП во Шпанија.

За Голужа веќе знаете, а погледнете ги реакциите на Балиќ и на Миличиќ.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top