Претседателот на Франција, Франсоа Оланд во текот на денов треба официјално да и стави крај на врската со Валери Триервеилер, пишува интернет изданието на весникот „Паризиен“, јави дописникот на МИА од Париз. Според весникот, Елисејската палата во текот на наредните часови треба да објави официјално соопштение во кое ќе биде официјализиран крајот на врската со новинарката на „Пари мач“.
-Тој се консултира со неа, ја запозна со ситуацијата, таа ги прифати нештата, изјавија блиски соработници на францускиот претседател.
Триервеилер ќе треба да ја напушти резиденцијата на претседателот на француската република Лантерн, во Версај и да се пресели во станот на улицата Коши во 15-от париски аронсисман.
Нејзиното патување во Индија нема да биде откажано, таа ќе го посети Бомбај во име на асоцијацијата „Акција против гладот“.
Франсоа Оланд од своја страна на 11 февруари, самиот ќе го посети семејството Обама во САД.
Приватниот живот на францускиот претседател се најде на првите страници на францускиот и светскиот печат, откако магазионот „Клозер“ објави дека тој има врска со актерката Жули Гаје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.