Франција може да ја преземе лидерската улога во европската воена соработка, но не може сè сама, изјави денеска во Братислава францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Франција вложува главни напори на полето на европската одбрана, но не може и не сака во тоа да биде сама – посочи Оланд пред почетокот на самитот на Европска унија на тема Европа по Брегзит, чијшто фокус ќе биде безбедноста.
Тој наведе дека Франција сака да соработува со своите партнери за да ја обезбеди одбраната на Европа, во согласност со постојните сојузи, пред сè со САД во рамките на НАТО.
– Европа мора да биде способна сама да се брани – додаде Оланд.
Франција, која е главната воена сила по Брегзит во Европа, заедно со Германија, се залага за поактивна одбранбена политика со цел да се врати довербата што беше разнишана по терористичките напади, мигрантската криза и глобализацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.