Кинеската тенисерка Ли На го освои вториот гранслем трофеј во кариерата, со победа од 7-6, 6-0, против дебитантката во финалињата Доминика Цибулкова, во Мелбурн, на Австралија опен.
На го доби првиот сет во тај-брејк, што се покажа како клучно за исходот на мечот. Во вториот сет, Словачката тенисерка Цибулкова, како и да не беше на теренот, па не освои ниту една игра и и го олесни патот до трофејот на противничката. На играше во финалето на Отвореното првенство на Австралија и лани, но загуби од Викторија Азаренка.
Овојпат патот до трофејот и го подрасчити токму Цибулкова со вредни победи над фаворитките, Квитова, Вознијачки, Радванска и Азаренка. До финалето Доминика не загуби ниту еден сет и стана првата Словачка тенисерка што играла меч за трофеј на еден од четирите гранслем турнири. На има титула и од Ролан Гарос во Париз.
Утре се игра машкото финале меѓу Рафаел Надал и Станислас Вавринка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


