| четврток, 6 декември 2018 |

Нигерија владее со Африка, супер-орлите ја освоија фудбалската круна

Нигерија е нов фудбалски шампион на Африка, а доминацијата без пораз на турнирот во Јужна Африка „супер-орлите“ ја зачинија со триумф во финалето против Буркина Фасо со 1-0.

Стрелец на голот вреден титула, беше Мба во 40. минута. Нигерија во изедначен меч искористи невнимание на противникот, а по ударот на Виктор Мосес, Мба со убав удар ја сметси топката во голот на Буркина Фасо.

За поразената репрезентација ова беше деби-финале на африканските шампионати, а интересно е што двете селекции веќе одиграа еден натпревар на истиот турнир, во фазата по групи, а исходот беше мирољубив, 1-1.

Овојпат Нигерија беше поумешна за еден гол и ја прокнижи третата титула во вкупно 29. изданија на купот.

Во меч за третото место, селекцијата на Мали ја победи Гана со 3-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top