Пет активистки на Femen, протесно движење коешто потекнува од Украина и познато по многу инциденти на големи светски собири и на јавни појавувања на светски челници, се собрале пред амбасадата во Париз, веќе традиционално со голи гради, и испишана пораката „Yanukovych piss off”, пренесува AFP.
Со венчиња во косите долго уринирале врз фотографиите со ликот на украинскиот претседател со повиците „Украина во Европа”, пред а се облечат и да го напуштат местото без инциденти.
-Дојдовме да и кажеме на Европа дека ни е потребна помош, објаснила Ина Шевченко, шефица на филијалата на Femen во Франција, осудувајќи го наводното „влијанието” на рускиот претседател Владимир Путин врз Киев.
Нарекувајќи ја украинската власт „диктатура”, Шевченко ја осудила употребата на сила во сабота врз опозициските демонстранти при што десетина беа повредени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


