Илјадници луѓе протестираа во вчеравечер во австриската престолнина Виена против одржувањето на Балот на академиците во една од најпознатите палати во градот кој секоја година го организира австриската партија од десницата FPO, при што се повредени 17 антидесничарски активисти и пет полицајци, а притворени се 14 лица, соопшти полицијата. Инцидентите се случиле на крајот од трите протесни поворки во коишто учествувале околу шест илјади луѓе, а според државната телевизија ORF околу десет илјади антидесничарски активисти.
Балот на академиците, настанат првично од забава на здруженијата на студентите приврзаници на крајната десница, беше организиран во царската палата Холфбург. Годинава виенската полиција во широк круг ги затвори приодите кон палатата, а за редот беа ангажирани 20 илјади нејзини припадници распоредени долж заштитните огради. На балот се појави и претседателот на FPO, Хајнц-Кристијан Страше, а гости беа, како и претходни години претставници на десничарски партии од Европа. Партијата на парламентарните избори во септември 20-13 година го потврди статусот на трета политичка сила во Австрија освојувајќи 20,5 отсто од гласовите, речиси исто колку и двете традиционални партии од левиот и од десниот центар.
Балот на десничарските студентски организации, како што и се очекуваше, беше проследен од жестоки протести и големо полициско присуство на улиците во градот. Беа организирани повеќе демонстрации против десницата, а по нивното растурање се судрија противниците на балот и полицијата.
Сојузот Офанзивно против десницата, еден од организаторите на демонстрациите, ја критикуваше полицијата поради примена на прекумерна сила. Портпаролот на полицијата Роман Хаслингер демантираше дека е полицијата употребила прекумерна сила, нагласувајќи дека чуварите на редот морале да дејствуваат, бидејќи учесниците во протестите кршеле излози и напаѓале невини граѓани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
“Чоколадни капки “ – самостојна изложба на Ѓорѓе Јовановиќ во галеријата Hoast во Виена
-
„Исцелител“ во Виена прогласен за најдобар дебитантски филм во Југоисточна Европа
-
„Исцелител“ на Меѓународниот филмски фестивал во Виена
-
Ќерката ја давел со кабел, сопругата ја избодел до смрт, па си пресудил себе си – крвава Нова година!


