Помошничката на градоначаникот на српскиот град Врбас несреќно загина во Босна и Херцеговина (БИХ), каде што по грешка ја застрелал локален жител, кој имал намера да се пресмета со својата девојка. Како што пренесоа српските медиуми, 40-годишната Биљана Паиќ, помошничка на градоначалникот на Врбас, убиена е ноќта во четвртокот кон петокот во местото Присоје, кај Бјељина, со истрел од ловечка пушка.
Паиќ се наоѓала во официјална посета на Република Српска и била сместена во угостителскиот објект „Аполон“ во Присоје.Неа околу три часот изутрината ја застрелал 30-годишниот Младен Даниловиќ, кој според неофицијалните податоци, со нога ја скршил вратата од собата и ја застрелал во главата додека спиела. Откако увидел дека ја застрелал недолжната функционерка на Врбас, Даниловиќ извршил самоубиство стрелајќи си со пушката во глава.
Претходно, околу полноќ, Даниловиќ се скарал со својата девојка која работела во истиот објект, а со оглед дека не била од истото место, спиела секоја вечер во угостителскиот локал.
Во делегацијата, покрај Паиќ, биле уште двајца локални функционери до Врбас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка