| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Симфонија на Кармело Ентони, со 62 поени го урна рекордот на Њујорк и на „Медисон Сквер Гарден“

Брилијантна кошарка против Шарлот бобкетс одигра Ол-стар ѕвездата Кармело Ентони и со 62 поени го урна клупскиот рекорд на Њујорк никс и постигна најмногу поени од сите играчи што било кога настапиле во „Медисон сквер Гарден“ арената.

Досегашниот рекорд на клубот беше 60 поени, а падна и остварувањето на Коби Брајант кој досега имаше најмногу поени во салата, точно 61.

Популарниот Мело забележа и 13 скока, што го прави подвигот уште поголем, бидејќи има и дабл-дабл ефект. Њујорк лесно победи со 125-96.

Вистински дебакл доживеа Атланта хоукс, во првиот меч по повредата на нашиот кошаркар Перо Антиќ. Сан Антонио ги победи „јастребите“ со 26 поени разлика, 105-79. Антиќ го повреди скочниот зглоб на десната нога и ќе паузира од две до 4 седмици.

Резултати: Орландо – ЛА Лејкерс 114-105, Филаделфија – Торонто 95-104, Атланта – Сан Антонио 79-105, Бостон – Оклахома 83-101, Бруклин – Далас 107-106, Кливленд – Милвоки 93-78, Детроит – Њу Орлеанс 101-103, Њујорк – Шарлот 125-96, Чикаго – ЛА Клиперс 95-112, Хјустон – Мемфис 87-88, Феникс – Вашингтон 95-101, Сакраменто – Индијана 111-116 (пр.), Голден Стејт – Минесота 120-121

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top