| четврток, 6 декември 2018 |

Дневник: Шилегов ги заборавил другите новинари што имаат фирми

дневник„Освен Талевска и Латас има уште дузина новинари во Македонија што на свое име имаат или имале регистрирано повеќе фирми и тоа на една адреса. Заборави ли портпаролот на СДСМ да ги наброи и Геровски, Кабранов, Борјан Јовановски, Менче Атанасова Точи, Драган Антоновски, Роберт Поповски…“ пишува Дневник  на насловната страница  во викенд изданието.

Дневник ги дава релациите на фирмите на новинарите. Дел од нив се сопственици или фигурираат во повеќе фирми, кои често се водат на иста адреса. Потоа се посочува и партнерски однос меѓу дел од нив, но и на партнерски фирми со активни членови на СДСМ. Меѓу наброените новинари има и такви чие име не фигурира само во фирми со медиумска дејност, туку и во угостителски дејности, трговија и услуги, па и во златарници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top