| четврток, 6 декември 2018 |

Савова возвраќа: Мандатот може да му го вратам само на народот

natasa savova 3Пратеничката во Собранието на РМ на СДСМ преку медиумите испрати порака до Бихаќка:

-Мандатот може да му го вратам само на тој што ми го дал, а тоа е народот- како реакција на барањето на Шилегов да даде оставка од пратеничката функција.

Реакција на Савова е следи по коментарот на партискиот портпарол Петре Шилегов, кој по нејзиниот јавно изнесен став преку социјалните мрежи -дека актуелното раководство на СДСМ е канцерот на СДСМ и дека не би сакала да биде на листа на сегашниот СДСМ- Петре Шилегов јавно ја прозва.

– Прво срамно е човек кој што е избран за пратеник од членови и подржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во време кога СДСМ задава сериозни удари на власта, да ја напаѓа својата партија и така всушност да обработува за интерес на власта.  Второ, сметаме дека ако таа навистина ова го мисли единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието на Република Македонија- порача Шилегов.

Савова преку Фејсбук реагираше по написите во дневните весници дека не е дел од „листата на Заев“

„хахаха :))) никако да се релаксираат од мене ситните брифери од СДСМ… значи драги мои: 1. Јас сама се повлеков и 2. И да ме поканите на листата на Заев и Шекеринска ќе ви се заблагодарам на довербата, бидејки одбивам да бидам на листа на екипа која е „канцерот на СДСМ“ (цитирам изјава за вас на успешен министер од времето кога СДСМ победуваше).
продолжете да си се натпреварувате со ВМРО кој повеке станови купил и градежно земјиште поделил…“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top