| четврток, 6 декември 2018 |

Огнометот во Дубаи проследен со македонска музика

Симфониското дело специјално напишано за огнометот во Дубаи по повод новогодишната свеченост, снимено е од  Македонскиот симфониски оркестар „Фејмс“. Над 120 македонски музичари се дел од „Фејмс“, зад кој стои француската продукциска компанија „Маседониан мјузик & ентертејнмент“ (Macedonian music & entertainment). Сместени се во просториите на Македонската радио и телевизија, под раководство на Лорен Копитс и неговата сопруга госпоѓата Насју-Мопа, кои се директори на компанијата. Досега се реализирани музички проекти за композитори и продуценти од целиот свет.

Компзиторот на ова музичко дело е Мет Феди, а аранжманот на македонскиот музички уметник Емин Џијан.

По повод огнометот во Дубаи, беше снимен и краток филм кој ја раскажува приказната за подготовките за оваа новогодишна свеченост. На самиот почеток прикажани се и македонските музичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top