Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен ги отфрли како неосновани руските забелешки дека Западот се меша во внатрешните работи на Украина. При тоа нагласи дека е загрижен поради тоа што „Москва врши притисок врз своите соседи“, пренесе МИА.
– Русија треба да и дозволи на Украина слободно да ги избира своите сојузници- оцени Расмусен и додаде дека всушност Русија е таа која се меша во внатрешните работи на Украина. Првиот човек на НАТО нагласи дека Русија и претходно вршела притисок врз своите соседи, посочувајќи ги при тоа покрај Украина и Ерманија, Грузија и Молдавија.
Тој ги повика украинските власти да ги почитуваат основните демократски принципи и апелираше на дијалог меѓу Владата и опозицијата за изнаоѓање решение за измез од сегашната криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО


