Зимските олимписки знаат да лансираат различни натпреварувачи чие што учество, како оценува Си Ен Ен, пркоси логика.
Легендарниот боб- тим Јамајка, крос-кантри скијачот од Кенија или Еди „Орелот” Едвардс од Велика Британија од 1988 кога настана промена во правилата квалификациите.
Сега во Сочи можеби ќе се натпреварува една од најпознатите светски виолинисти.
Ванеса Меј – која има продадено над 10 милиони албуми низ светот – се провлече низ квалификациите за Олимпијадата следниот месец.
Во Сочи Меј ќе се натпреварува како Ванеса Ванакорн, со презимето на нејзиниот тајландски татко, а ќе ја претставува својата татковина.
Таа можеби е навикната на трки низ „скалите“, нејзините прсти танцуваат на жиците на виолина, но 35-годишната сега мора да „преговара“ со многу поразлични ритам откако влезе во велеслаломот.
Меј почнала да скија кога имала 4 години, една година пред да ја земе виолината во раце, па сега спортот го опишува како доживотно хоби. Таа ќе биде втор претставник на Тајланд на Зимски олимписки игри. Виолинистката порача дека по олимпискиот сон ќе и се врати на музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


