| четврток, 6 декември 2018 |

Венеса Меј, ексклузивно за „Република“: Бев мрзливо дете, но имав амбициозна мајка

Бри­тан­ска­та ме­га­по­пу­лар­на ви­о­ли­нис­тка има кон­цер­ти по це­ли­от свет, а ка­ко не­за­бо­рав­но искус­тво го изд­во­ју­ва на­ста­пот во Швај­ца­ри­ја при кој скок­на­ла од ед­на пла­ни­на со па­раг­лај­дер и се спу­шти­ла на за­мрз­на­то езе­ро во Сент Мо­риц на ми­нус 25 сте­пе­ни

Ва­не­са Меј, нај­поз­на­та­та ви­о­ли­нис­тка на си­те вре­ми­ња, прв­пат до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што ќе се прет­ста­ви пред пуб­ли­ка­та во Вип аре­на „Бо­рис Трај­ков­ски“ на 15 мај. Го­ди­на­ва тоа ќе би­де неј­зин единс­твен кон­церт во ре­ги­о­нот. Кон­цер­тот е во ор­га­ни­за­ци­ја на „Праг­ма про­дук­ци­ја“, а е под­др­жан од Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и од Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја.

Ва­не­са Меј Вен­корн Ни­кол­сон, про­фе­си­о­нал­но поз­на­та ка­ко Ва­не­са Меј, е бри­тан­ска ме­га­по­пу­лар­на ви­о­ли­нис­тка. Атра­ктив­на­та и по­пу­лар­на ви­о­ли­нис­тка не­ко­гаш би­ла на­ре­ку­ва­на чу­до од де­те. Уште на 16 го­ди­ни ги по­ме­сту­ва му­зич­ки­те гра­ни­ци ко­га го об­ја­ву­ва ал­бу­мот „Violin Player“ фор­ми­рај­ќи не­о­би­чен микс на џез, поп и на тех­но-звук, но се изд­во­ју­ва и по неј­зи­ни­те сцен­ски на­ста­пи и не­о­би­чен изг­лед. За­пи­ша­на е во Ги­ни­со­ва­та кни­га на ре­кор­ди ка­ко најм­лад ин­стру­мен­та­лист што из­ве­ду­ва ви­о­ли­ни­ски кон­цер­ти на Бе­то­вен и на Чај­ков­ски. Осо­бе­но оста­ва впе­ча­ток со неј­зи­на­та из­вед­ба на „То­ка­та и фу­га“ на Јо­хан Се­ба­сти­јан Бах во Д-мол, ко­ја е ко­пи­ра­на низ це­ли­от свет.

Ва­не­са е пр­ви­от из­ве­ду­вач на кла­си­чен ин­стру­мент што бил но­ми­ни­ран за пре­стиж­ни­те на­гра­ди БРИТ со но­ми­на­ци­ја­та за нај­до­бар жен­ски из­ве­ду­вач. Во 2006 го­ди­на е ран­ги­ра­на ка­ко ед­на од нај­бо­га­ти­те мла­ди из­ве­ду­ва­чи со за­ра­бо­тка од пре­ку 32 ми­ли­о­ни фун­ти од кон­цер­ти и про­даж­ба на 10 ми­ли­о­ни ал­бу­ми низ све­тот, што е ви­стин­ска ре­ткост за еден ви­о­ли­нист.

На сво­и­те кон­цер­ти Ва­не­са сви­ри на два ви­да ви­о­ли­ни, и тоа кла­си­чен мо­дел на Гва­да­њи­ни од 1961 го­ди­на, чи­ја­што вред­ност се про­це­ну­ва на 150 ил­ја­ди фун­ти, и еле­ктрич­на ви­о­ли­на „зе­та џез“, со чи­ја­што ком­би­на­ци­ја при­ре­ду­ва ед­но не­за­бо­рав­но ужи­ва­ње за пуб­ли­ка­та на­се­ка­де низ све­тот.

– Пла­ни­рам да оста­нам во Скоп­је три-че­ти­ри но­ќе­ва­ња. Се на­де­вам де­ка ќе про­ше­там уба­во низ гра­дот по шо­у­то. Отка­ко го но­сам мо­е­то ку­чен­це со ме­не на си­те па­ту­ва­ња, имам са­мо при­чи­на плус да ги про­ше­там ме­ста­та ка­де што на­ста­пу­вам пред и по на­ста­пот – ве­ли Меј во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Vanessa-Mae-3

Ва­ши­от кон­церт во Скоп­је на 15 мај ќе би­де единс­твен во ре­ги­о­нот. Ка­ко го из­бра­вте Скоп­је?

МЕЈ: Ќе до­ле­там во Скоп­је по мо­е­то шоу во Бра­тис­ла­ва, а по­тоа ле­там за Изра­ел. Скоп­је во­оп­што не ми бе­ше по­пат­на де­сти­на­ци­ја, но, се­пак, ре­шив да на­ста­пам би­деј­ќи мис­лам де­ка ќе би­де „кул“ да на­ста­пам во зем­ја што ни­ко­гаш не сум ја по­се­ти­ла, ка­ко што е Ма­ке­до­ни­ја. За­тоа ја при­фа­тив по­ка­на­та да одр­жам кон­церт во Скоп­је.

Да­ли зна­е­те не­што за Скоп­је и за Ма­ке­до­ни­ја? Што е она што пр­во сте го про­чи­та­ле за на­ша­та зем­ја?

МЕЈ: Пр­во што ми до­а­ѓа на па­мет е Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Не знам мно­гу за Ма­ке­до­ни­ја, но имам жел­ба да истра­жам.

Ве на­ре­ку­ваа чу­до од де­те. Од оваа ди­стан­ца, да­ли тоа ве пот­тик­на да ра­бо­ти­те уште по­ве­ќе и да ста­са­те та­му ка­де што сте де­нес?

МЕЈ: Во кла­сич­на­та му­зи­ка, ин­стру­мен­та­ли­сти­те мо­ра да поч­нат мла­ди, па ми се чи­ни де­ка тоа што ме на­ре­ку­ваа чу­до од де­те не­ка­ко бе­ше оче­ку­ва­но, со ог­лед на тоа де­ка на­ста­пу­вав мно­гу мла­да ка­ко со­лист. Се се­ќа­вам кол­ку ја са­кав иде­ја­та да имам не­ка­ква во­ка­ци­ја во му­зи­ка­та уште од ра­на во­зраст, но, исто та­ка, чув­ству­вав конф­ликт во са­ма­та се­бе­си би­деј­ќи ка­ко де­те имав и дру­ги ин­те­ре­си. Ети­ке­та­та са­ма по се­бе не ме мо­ти­ви­ра­ше којз­нае кол­ку би­деј­ќи бев при­лич­но мрз­ли­во де­те, но, фа­ла му на бо­га, имав ам­би­ци­оз­на мај­ка ко­ја во­ед­но бе­ше и мој ме­на­џер. Таа по­ста­ви пре­диз­ви­ци пред ме­не.

Што под­го­тву­ва­те за кон­цер­тот во Скоп­је?

МЕЈ: Јас но­сам со ме­не бенд, но, исто та­ка, ќе би­дам при­дру­жу­ва­на и од Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја. Мо­ја­та сет-ли­ста сѐ уште не е фи­на­ли­зи­ра­на, сѐ до де­нот на кон­цер­тот, но, се раз­би­ра, во ре­пер­то­а­рот ќе би­дат вклу­че­ни мно­гу пре­поз­нат­ли­ви пес­ни од мо­јот ре­пер­то­ар, ка­ко и не­кои по­ре­тки пес­ни.

Кој е кон­цер­тот што ни­ко­гаш не­ма да го за­бо­ра­ви­те?

МЕЈ: Ско­кав од ед­на пла­ни­на со па­раг­лај­дер и се спу­штив на за­мрз­на­то езе­ро во Сент Мо­риц, Швај­ца­ри­ја на ми­нус 25 сте­пе­ни за да из­ве­дам шоу и про­дол­жив да сви­рам на сце­на­та. За ме­не тоа бе­ше не­за­бо­рав­но искус­тво.

Има­те бле­ска­ва ка­ри­е­ра за ко­ја мно­гу­ми­на му­зи­ча­ри мо­же са­мо да со­ну­ва­ат. Иа­ко сте мла­да и пред Вас има уште мно­гу го­ди­ни на­ста­пи, има ли град или ме­сто ка­де што до­се­га не сте на­ста­пи­ле, а би са­ка­ле?

МЕЈ: Ни­ко­гаш не сум сви­ре­ла на Хо­ли­вуд бо­ул и прет­по­ста­ву­вам де­ка е „фен­си“ ка­ко на ро­ман­тич­на ко­ме­ди­ја. Воз­бу­де­на сум за мо­ја­та по­се­та на Ар­ген­ти­на, ка­де што ќе из­ве­дам со­ло-шоу во ју­ни.

Vanessa-Mae-2

Ка­ко изг­ле­да еден Ваш ден? Ка­ко са­ка­те да ги по­ми­ну­ва­те сло­бод­ни­те мо­мен­ти?

МЕЈ: Јас, всуш­ност, ски­јам мно­гу оваа го­ди­на, па тоа е нај­го­ле­ма­та при­чи­на зо­што мо­ја­та тур­не­ја ќе би­де во мај.

Кол­ку де­на ќе би­де­те во Ма­ке­до­ни­ја? Да­ли ве­ќе Ви се исп­ла­ни­ра­ни де­но­ви­те? Освен во Скоп­је, ќе по­се­ти­те ли не­кој друг град?

МЕЈ: Пла­ни­рам да оста­нам три-че­ти­ри но­ќе­ва­ња. Се на­де­вам де­ка ќе про­ше­там уба­во низ Скоп­је по шо­у­то. Отка­ко го но­сам мо­е­то ку­чен­це со ме­не на си­те па­ту­ва­ња, имам са­мо при­чи­на плус да ги про­ше­там ме­ста­та ка­де што на­ста­пу­вам пред и по на­ста­пот.

На кон­цер­ти­те сви­ри­те на два ви­да ви­о­ли­на, кла­си­чен мо­дел и еле­ктрич­на ви­о­ли­на, и та­ка при­ре­ду­ва­те не­за­бо­рав­но искус­тво за пуб­ли­ка­та. Ко­га прв­пат поч­на­вте да сви­ри­те та­ка? Што Ве инс­пи­ри­ра­ше?

МЕЈ: Се оби­дов да сви­рам на еле­ктрич­на ви­о­ли­на прв­пат ко­га имав 15 го­ди­ни. Ни­ко­гаш не сум сни­ма­ла на еле­ктрич­на ви­о­ли­на, но ја ко­ри­стам на сце­на­та со цел да има по­за­бав­ни ефе­кти и да се до­бие по­го­ле­ма звуч­ност.

Се се­ќа­ва­те ли на пр­ви­от кон­церт?

МЕЈ: Се се­ќа­вам мно­гу до­бро на мо­јот прв кон­церт, но најм­но­гу по­ра­ди тоа што на­ша­та до­маш­на куч­ка са­мо што се по­ро­ди и до­би пре­крас­ни ку­чен­ца. Имав де­сет го­ди­ни и не бев во­оп­што нер­воз­на, искре­но бев по­воз­бу­де­на за ку­чен­ца­та откол­ку за сце­на­та и не пре­ста­нав да мис­лам ко­га ќе се вра­там до­ма за да си играм со ку­чен­ца­та.

Кои се Ва­ши­те ид­ни пла­но­ви или про­е­кти?

МЕЈ: Мо­јот кре­а­ти­вен ум по­сто­ја­но не­што смис­лу­ва. Имам тол­ку мно­гу идеи, тол­ку мно­гу му­зи­ка за сви­ре­ње што не мо­жат да се ста­ват са­мо во еден единс­твен про­ект. Во пос­лед­но вре­ме не бев до­вол­но дис­цип­ли­ни­ра­на да ги бу­ки­рам си­те се­сии и да­ту­ми со цел да ре­а­ли­зи­рам нов ал­бум, но со вре­ме си­гур­но ќе го на­пра­вам тоа. Во ме­ѓу­вре­ме, сѐ до мај, ја­дам, ски­јам и пак исто­то од­но­во.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
(Текст објавен во 244. број на неделникот „Република“, 5.05.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top