| четврток, 6 декември 2018 |

Романија: осудени поранешни министри

dosarul-posta-romana-magistratii-dau-astazi-sentinta-definitiva-pentru-fostii-ministri-zsolt-nagy-si-tudor-chiuariu-18472089Поранешните романски министри Жолт Наѓ и Тудор Киjуариу се осудени на условни затворски казни во судскиот процес „Романски пошти“, во кој тие беа обвинети за злоупотреба на служебената положба и за нанесување на штети на државата од над осум милиони евра. Одлуката на Кривичен совет на Врховниот касациски суд на Романија е конечна.
Жолт Наѓ, кој беше министер за телекомуникации во периодот од 28 декември 2004 до 11 јуни 2007 година, беше осуден условно на четири години затвор, а Тудор Кијуариу, министер за правда од 2 април 2007 до 10 декември 2007 година, доби условна затворска казна од три години и шест месеци.
Двајцата поранешни министри беа обвинети дека одобриле префрлање на земјиште во сопственост на компанијата „Романски пошти“, што се наоѓа во центарот на Букурешт, на приватна фирма, со што романската држава ја оштетиле за над 8,6 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top