| четврток, 6 декември 2018 |

ПДП се врати со две опции

PDPПДП по долг период на целосна неактивност се враќа бурно на политичката сцена. Наеднаш за два дена се појавија две раководства кои тврдат дека тие се вистинската ПДП. Едногласно на основачкото собрание Арбен Руси е избран за нов претседател на обновената Партија за демократски просперитет. Во членството се и основоположниците на партијата, но не и поранешниот претседател Абдуљади Вејсели.  Паралелно со Руси, со ново членство основачко собрание одржува и Вејсели. Руси истакна дека партијата продолжува со својата политика. Ќе се штитат правата на Албанците, притоа несакајќи да се наштети на било која етничка заедница во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top