| четврток, 6 декември 2018 |

ПДП се враќа на политичката сцена

Партијата за демократски просперитет (ПДП), првиот политички субјект на Албанците во Македонија по осамостојувањето во 1990-те во петокот навечер во Тетово го одржа повторното основачко собрание за реактивирање на партија, откако речиси цела деценија по 2002 година згасна. На основачко собрание присуствуваа повеќе од 600 делегати од повеќе градови од земјата, кои дадоа широк поддршка за изборот на нов лидер на партијата за Абдулади Вејсели, додека Невзат Халили, како еден од поранешните истакнати челници на ПДП беше избран за претседател на генералното собрание на партијата.

Абдулади Вејсели во своето излагање пред делегатите јавно се извини за, како што рече, евентуалните грешки што ги направил во текот на политичката кариера и како челник на овој политички субјект. Меѓутоа, како што истакна, сите одлуки „беа во интерес н Албанците во Македонија”.

Според Вејсели, ПДП ќе претставува политичка сила меѓу Албанците во земјата и тоа че се потврдува со текот на времето што доаѓа

На основачкото собрание во Тетово вчера присуствува и активно учествуваа и Замир Елези, Мевлан Тахири, Идрис Рамазан, Мифтар Зибери, Хасан Јашари, Теута Лала и други истакнати активисти и поранешни членови на ПДП.

Новото раководство на ПДП изјави дека ова собрание сведочи дека партијата и самите нејзини лидери уживаат легитимитет да бидaт важна политичка сила во Македонија. „Враќањето на ПДП значи враќање кон суштината на откривање на проблемите на Албанците во Македонија”, заклучи Вејсели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top