Компулсивното користење на интернет, регистрирано е како здравствен проблем во многу држави, меѓутоа, Кина е меѓу првите каде овој проблем е карактеризиран како клиничко пореметување, кое со сурови методи се лекува во кинескиот центар за депрограмирање во Пекинг. Оваа установа е основана во 2004 година, а израелските режисери Шош Шлам и Хила Медалиа, направиле документарец „Веб Џанки“, прикажан на фестивалот „Санденс“, за начини на кои се спроведува лекувањето на зависници од компјутери.
Во оваа програма вклучени се тинејџери, обично деца, чии родители главно се против нивната волја да бидат однесени во Центарот. Кога еднаш ќе се најдат внатре, децата се држат зад решетки, а ги чуваат војници. Самиот третман, кој трае меѓу три и четири месеци, се состои од употреба на лекови и дополнителни терапевтски сеанси во кои се вклучени родителите. Пациентите поминуваат низ физички тренинг, како во некој војнички филм, а нивната исхрана и режим се стриктно одредени. Овие техники служат, за пациентите да се вратат во реалноста. Откако ќе бидат примени на клиниката, на секој пациент на главата му се става инструмент кој треба да утврди колку мозокот е оштетен поради прекумерното користење на интернет.
Еден дел од документарецот го прикажува процесот на мерење:
„Кога последен пат си ја измил косата? Прашува еден од вработените во центарот, а пациентот одговара дека не се сеќава.
Друго момче седи на кревет и плаче.
-Оставете ме на мир, имам болки. Ме донесоа тука и ми ги врзаа рацете- вели тој низ солзи, тагувајќи што родителите го одвоиле од компјутерите и со измама го однеле во Центарот.
-Еднаш играв 15 дена без прекин- признава еден пациент.
Во страв дека ќе го расипат резултатот во играта ако одат до тоалет, зависниците носат пелени, не се капат, а фрижидерот го преместуваат во спалната соба. Професорот Тао Ран, директор на Центарот за депрограмирање, вели дека пациентите на одвикнување поминуваат најмалку три месеци, и гарантира успех во 70% од случаите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


