Отпорот се сели пред антикорупциската комисија. Здружената опозиција најави дека утре ќе протестира пред седиштето на Државната комисија за спречување на корупција. Собирот започнува напладне, во 12 часот. Ќе се читаат имотните листови на актуелните пратеници и функционери на ВМРО ДПМНЕ и ќе се потсети за постапки за кои антикорупциска досега не се изјаснила.
Продолжува отпорот на опозицијата против, како што велат ненародната власт и во другите градови со организирање на граѓански парламенти на кои ќе учество ќе земат и пратениците кои насилно беа исфрлени од парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


