-Македонскиот народ е во заложништво на опозициската СДСМ, а крајна цел на оваа партија е да предизвика т.н. стокхолмски синдром, односно популацијата да го засака својот киднапер. Континуираните протести по улиците во повеќето градови во земјава повеќе не се насочени кон Владата и нејзините политики, туку да го иритираат граѓанинот – беше посочено на денешната трибина на „Фронтот на народот“ во Штип.
Академскиот сликар Маријан Камиловски смета дека се поставува прашањето дали ова малтретирање ќе продолжи се додека народот не капитулира и на крајот не рече: Еве владејте само не не малтретирајте повеќе.
Според учесниците на трибината на „Фронот на народот“ се наметнува и дилемата дали се ова ирационални барања на исфрустрирани луѓе, кои по секоја цена сакаат да дојдат на власт или е смислена стратегија за рушење на имиџот на државата.
– Тоа е една нездрава манипулација и навистина создава една нездрава, отровна и лоша клима во и онака кревкото демократско општество, затоа што демократијата се гради секоја секунда и постојано – вели драматургот Братислав Димитров.
Претставниците на спортските работници и студентите истакнаа дека прв пат во изминативе дваесетина години ја почуствувале националната гордост. Според нив започнало да се инвестира во инфраструктура и талентирани спортисти и ученици, што само по себе укажува дека работите се движат во позитивна насока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


