Џастин Бибер вчера беше уапсен поради повеќе сторени кривични дела. Помеѓу останатото, поради возење под дејство на алкохол, канабис и некои лекови.
По неколку часа поминати во притвор, Џастин бил пуштен на слобода.
Младиот пејач за време на испитувањето рекол дека некои лекови ги добива од неговата мајка бидејќи тој немал рецепт за нив, односно таа ги набавувала за него.
Бибер, исто така, изјавил дека не знаел оти тие лекови предизвикуваат зависност и дека не треба да ги консумира пред возење.
Сѐ уште не е познато зошто Бибер консумира лекови и дали навистина ги добива од неговата мајка или, пак, лажирал дека рецептите се на нејзино име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


