| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез ќе ја пее химната на фудбалскиот мундијал во Бразил

Познатата музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез ќе пее на отворањето на фудбалскиот мундијал во Бразил на „Маракана“ пред 80 илјади гледачи.

„Сите сме едно“ е химната на светските првенства, а ќе ја изведат Џеј Ло, кубанско-американскиот рапер Питбул и бразилската пејачка Клаудија Лејте.

Организаторите на мундијалот се надеваат дека изведбата на триото музичари во Рио де Жанеиро ќе биде во стилот на Шакира од претходното СП во Јужна Африка, кога таа извонредно ја изведе „Вака вака“. Видеото од перформансот на Шакира во Јоханесбург што е на „Јутјуб“ го имаат видено повеќе од 500 илјади луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top