| четврток, 6 декември 2018 |

Снежен викенд

krusevo-sneg

Снежен викенд, најавуваат метеролозите. Според прогнозата на Метеопро врнежите ќе имаат најголем интензитет на самиот почеток на викендот – во сабота наутро. Но, тие врнежи во текот на утрото и претпладне ќе бидат врнежи од дожд, а само на повисоките планини тие ќе бидат во вид на снег.

Веќе во сабота доцна попладне и во текот на вечерта продорот на студен воздух од север ќе донесе и услови за појава на снежни врнежи на поголем дел од пониските места во северниот дел од земјава. Сепак, во тој дел од денот врнежите ќе имаат тенденција на намалување на интензитетот и со тоа нема преголеми изгледи за значителна снежна покривка на пониските места. Во текот на сабота вечер со понатамошниот продор на студениот воздух, услови за релативно слаб снег ќе има и во централниот регион, како и во повисокоте делови во југозападниот крај.

Во недела повремено провејување на слаб снег се очекува во поголем дел од земјава. Во јужниот дел од земјата во недела ќе има повремен дожд, но и позначителен снег на планините во овој крај, почнувајќи од Беласица на исток, се до Кожув и Ниџе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top