| четврток, 6 декември 2018 |

Првата дама на Франција ја искршила Елисејската палата- штетата три милиони евра

valeri oland

Невенчаната сопруга на францускиот претседател Валери Триервеилер откако дознала за аферата на Оланд со актерката Џулие Гавет сосема „полудела“, па во налет на бес ,наводно, искршила многу вреди предмети во Елисејската палата.

Според „Хафингтон пост“, штетата што ја причинила Валери изнесувала неверојатни три милиони евра. Наводно, меѓу уништените предмети била и ваза од времето на Луј Шеснаесетти.

Овие информации се демантирани од одделот задолжен за грижа на мебелот во палатата.

Триервеилер беше пуштена од болница во саботата, каде што лежеше десетина дена откако во медиумите се појави аферата на нејзиниот партнер. Сега се наоѓа во ловечкиот дом покрај палатата Версај. Претходно, официјално беше соопштено дека Валери била хоспитализирана порад исцрпеност, но француските медиуми пишуваа дека првата дама зела премногу таблети и сакала да се убие откако избила жестока расправија меѓу неа и францускиот претседател. Нејзините пријатели сето тоа го демантираа.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top