| четврток, 6 декември 2018 |

Маленко ја шармирал и Зона Замфирова

По концертот на Жељко Јоксимовиќ пред водици во Охрид, како добри домаќини, локалните власти го угостиле српскиот музичар во хотелот „Ројал“.

Охриѓани сакале да го запознаат Јоксимовиќ со поранешниот најдобар македонски пливач Александар Маленко. Но, според локалниот медиум „Охрид1“, тој одговорил дека многу добро знае кој е и што е Маленко и нагласил дека се сеќава на пливачкиот ас уште од Олимписките игри во Атина, каде Јоксимовиќ настапувал на српска забава која се одржувала во еден атински локал.

Како што раскажува Јоксимовиќ, Александар Маленко сите го запомнале по тоа што цели три часа танцувал со актерката Катарина Радивојевиќ, поточно српската актерка која го глумеше легендарниот лик на Зона Замфирова во истоимениот српски филм.

joksimovic malenko

Фото: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top