| четврток, 6 декември 2018 |

Историско гранслем-финале за Варвинка, Стане подобар од Бердих во Мелбурн

Историско, прво гранслем финале ќе игра Швајцарецот Станислас Вавринка, и тоа на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, а дотаму стигна со победа од 3-1 во сетови во полуфиналната пресметка со Томаш Бердих.

Тенисерот што го има вериојатно и најдобриот бекхенд во машка конкуренција, конечно го направи решавачкиот чекор и се избори за меч за титулата на еден од четирите најценети светски тениски турнири.

Уште во првиот сет Швајцарецот најави дека е решен да игра во финалето и поведе со 1-0 (6-3 во гемови). Чехот возврати со 7-1 во поени во тај-брејкот од вториот сет, а потоа повторно уште двапати се играше „на разлика“ во тај-брејк, каде што поумешен беше Вавринка. Победата од 6-3, 6-7 (1), 7-6 (3), 7-6(4) го одведе до самата завршница, а противник ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое утре ќе играат Роже Федерер и Рафаел Надал.

Во женска конкуренција Доминика Цибулкова и Ли На ќе играат за трофејот в сабота. Машкото финале е закажано за еден ден подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top