Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“, во рамките на кампањата за подигање на свеста кај населението од ракот на дојка „Розов карван 2014“, ќе одржи две едукативни предавања за рак на дојка во Велес и во Струмица . На предавањето во Велес свое излагање ќе имаат Биба Додева, претседател на БОРКА, професор д-р Андреја Арсовски, тораковаскуларен хирург, специјалист онколог од Универзитетската клиника во Скопје, а во Струмица, освен Додева, на присутните ќе им се обратат и д-р Борка Грнчаровска, специјалист-радиолог, д-р Мери Пешевска, онколог и претставник од компанијата „Медикус хелп“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.