Државниот завод за статистика на Шведска ги објави најпопуларните имиња во оваа скандинавска земја за 2013 година и меѓу нив има значаен број странски имиња, посебно од Балканот, како што се Мохамед и Алма.
Најпопуларно машко име во Шведска е Лукас бидејќи минатата година во таа земја 935 бебиња го добиле тоа име. Потоа следува Вилијам, Оскар, Оливер, Хуго, Лиам…
Меѓу најпопуларните машки имиња во оваа нордијска земја се Едвин, Албин, Бенјамин и Мохамед. Вкупно 318 деца кои се родиле лани во Шведска го добиле името Мохамед.
Најпопуларно женско име во оваа земја е Алис, а потоа следат Маја, Елска, Ела… Меѓу најчестите имиња во Шведска е и Вера, име кое го добиле 448 девојчиња родени во 2013 година. Во Шведска има и деца со име Алма, Елвира, Инес, Мира…
Инаку, властите во Шведска во 2008 година решија да го ублажат Законот за имињата, давајќи им на родителите повеќе слобода во изборот на името на детето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.