| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто жените чуваат облека што не ја носат?

Ако и вие спаѓате меѓу тие со преполни плакари во кои поголемиот дел од облеката е речиси нов и не е носен веќе подолго време, тогаш знаете за што зборуваме.

Всушност, две третини од жените отворено велат дека чуваат облека надевајќи се дека еден ден ќе ја носат повторно иако се свесни дека шансите се минимални.

Од друга страна, една четвртина од жените во плакарите имаат четири различни фустан со различна големина, а четириесет проценти од нив чуваат облека што не им одговара бидејќи се надеваат дека ќе се вратат на тежината која ќе им овозможи да ги носат повторно.

Сепак, постојат и други причини, така што една четвртина од жените не го фрлаат вишокот облека бидејки некогаш скапо ја платиле, додека, пак, секоја осма намерно купила помал број, со надеж дека ќе загуби доволно телесна тежина за да може да го носи.

Секоја десетта жена чува облека од сентиментални причини бидејќи ја враќа кон среќни моменти од животот.

Психолозите тврдат дека чувањето на облеката која веќе не ја носите има лоши последици, се развива чувство на носталгија и емоционална приврзаност кон облека, што не е здраво.

Затоа, чистете ги плакарите, донирајте облека и внесете нова енергија во вашиот плакар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top