Косовската Влада го усвои предлогот за воведување визи за граѓаните на БиХ бидејќи Босна ги нема укинато визите за граѓаните на Косово.
Властите во Приштина ги изменија условите за влез на Косово за странските државјани, па сега на листата на земји, чиишто граѓани ќе мораат да имаат виза за влез е додадена и БиХ.
Според Радио Слободна Европа, ова се реципрочни мерки на косовската Влада бидејќи БиХ не ги укина визите за косовските граѓани.
Граѓаните на Косово за да патуваат во БиХ мораат да аплицираат за виза во Скопје, а условите за нејзино добивање се ригорозни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации