Фудбалерите на Монако во францускиот куп го совладаа нисколигашот Монс со 3-0, но натпреварот остана во сенка поради повредата на Колумбиецот Радамел Фалкао.
Еден од најдобрите светски напаѓачи го постигна првиот гол за водство во 29. минута, а на крајот на полувремето сериозно го повреди левото колено откако на него грубо стартуваше провничкиот фудбалер.
Францускиот „Канал плус“ пренесува дека Фалкао би можел да се соочи со подолга пауза, можеби и операција, што би претставувало голем удар за Монако и за репрезентацијата на Колумбија бидејќи Фалкао би можел да го пропушти Светското првенство во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.