| четврток, 6 декември 2018 |

Сандерленд на пенали го елиминираше Манчестер Јунајтед

Манчестер јунајтед доживеа уште еден шок оваа сезона. По водството од 1-0 во првите 90 минути и водството од 2-1 по продолженијата, на пенали беше поразен од Сандерленд и запрен во полуфиналето во Лига купот на Англија.

Јунајтед поведе со голот на Еванс во 37. минута на натпреварот, до крајот на регуларниот дел од натпреварот немаше повеќе голови, па поради тоа се влезе во продолженијата бидејќи Сандерленд на првиот меч славеше со 2-1. Во 119. минута Бардсли постигна израмнувачки гол за 1-1, а кратко по тоа во 121. минута Чичарито го врати во игра неговиот тим.

Во серијата пенали домашниот тим со очајна изведба. Од 5 пенали утна 4, единствен што погоди беше Флечер, додека за Сандерленд погодија Алонсо и Ки Сунг-Јонг, што беше доволно за да стигнат до големото финале.

Во финалето Сандерленд ќе игра против тимот на Манчестер сити, кој во полуфиналето го декласираше Вест Хем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top