Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе биде во работна посета на Гевгелија и ќе оствари средба со градоначалникот Иван Франгов, како и директорите на Народниот музеј од Гевгелија, Емил Сламков и на НУ „Завод за заштита на споменици на културата и музеј“- Струмица, Васил Георгиев. Во рамките на посетата министерката Канческа-Милевска заедно со градоначалникот Франгов и со директорите Сламков и Георгиев во 11:30 часот ќе го посетат објектот на Градската библиотека „Гоце Делчев“ каде се завршени конзерваторско-реставраторски работи на фасадата на овој значаен споменик на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.