Почитуван господине претседател, ние знаеме дека вие имате пробано пржени компирчиња (френч фрајс на англиски), француски бокс, француски тост и француски бакнеж… Што би рекле за едно интервју со француско радио кое не прави компромис со информациите, пренесува МИА
Ваква му испрати француското приватно радио Европа 1, преку „Вашингтон пост“ на американскиот претседател Барак Обама.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, француското радио се надева дека на овој начин ќе добие ексклузивно интервју со американскиот претседател. Паралелно со оваа покана, која радиото не го чини ниту цент, бидејќи текстот од пораката е објавена во „Вашингтон пост“ во замена на рекламен простор, Европа 1 достави и официјално барање за интервју до Обама во Амбасадата на САД во Париз.
– Тој често изненадува и наскоро се очекува да ја посети Европа, никогаш не се знае, изјави Томас Павловски, директор за односи со јавноста на Европа 1.
Во контекст на поканата, радиото вчера на Твитер на најавата за средбата на Обама со папата Франциско за време на неговата европска турнеја во текот на март во Ватикан, додаде: „Потоа, тој може да дојде во Европа 1…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!