Сакаме да потсетиме дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше онаа која во 2012 година со Закон воведе минимална плата која досега изнесуваше 8. 050 денари, додека со новата одлука се зголемува на 10. 080 денари. Среќни сме и задоволни што повеќе од 65. 000 работници во Република Македонија ќе добијат зголемување на сопствените примања.
Со оваа одлука директно ќе се влијае врз стандардот на граѓаните, а со тоа и минималната плата ќе продолжи да го следи и растот на просечната плата. Зголемувањето на минималната плата повеќе од сигурно ќе помогне во решавањето на многу проблеми со кои се соочуваат работниците и ќе реши многу егзистенционални прашања. Преку оваа мерка Владата на Република Македонија покажа дека секогаш е тука за да ги решава проблемите на граѓаните. Посебно сме горди кога со мерките на Владата се потврдува дека во Македонија социјалниот дијалог е на високо ниво и дека полека но сигурно лошите политики од минатото го наоѓаат својот крај. Денес, повеќе не се отпуштаат работници, денес, се зголемуваат плати, пензии и социјалнa помош.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ќе ја поддржат оваа мерка и ќе ја дадат својата поддршка во Собранието на Република Македонија. Силно веруваме дека оваа мерка ќе биде во корист на многу граѓани на кои им е неопходна и затоа ќе гласаме ЗА оваа мерка.
Од друга страна жалиме што СДСМ не собра храброст како и за останатите одлуки позитивни за граѓаните, да ја поздрави оваа одлука со што ќе покажеше дека навистина се грижат за работниците во Република Македонија. СДСМ ниту сега ниту за било која одлука досега не даде поддршка и се задржа на своите политики со кои критикува се што оваа Влада прави. Очигледно интересот на граѓаните не е и интерес на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи, чесно и одговорно да се грижи за потребите на граѓаните на Република Македонија и ќе ги решава проблемите кои СДСМ додека беше на власт и ги создаде на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)