Во пријателскиот натпревар пред продолжувањето на вториот дел од сезоната, Борусија Дортмунд го декласираше Дуизбург со 6-1. Левандовски кој следното лето ќе се пресели во редовите на лутиот ривал Баерн Минхен им се оддолжи на навивачите со два гола. Посебно убав гол беше оној кога со волеј удар од 16 метри го совлада голманот на Дуизбург. Претходно полскиот интернационалец изјави дека до крајот на сезоната ќе го даде својот максимум за тимот од Дортмунд и ќе се бори за врвот на табелата во германското првенство и шампионската титула во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)