| четврток, 6 декември 2018 |

Самарас побегнал од дуел со Груевски и Филе како модератор

file gruevskiАтина неодамна одбила уште една понуда за директна средба меѓу премиерите на Грција и на Македонија, Андонис Самарас и Никола Груевски, која би ја модерирал претставник на Европската комисија, дознава „Дневник“. Германскиот дипломат, амбасадорот Волфганг Ишингер, пред неколку месеци испратил писма до двајцата премиери да учествуваат на годинашнава Минхенска конференција за безбедност, на која на панел-дискусија би разговарале за прашањето за името.

Дипломатски извори потврдуваат за „Дневник“ дека поканата била испратена од Ишингер, кој е претседавач на Минхенската конференција. Според нашите извори, Ишингер предложил специјална дискусија за проблемот за името, која би се одржала на 2 февруари годинава на последниот ден од Минхенската конференција.

Освен Самарас и Груевски, поканет би бил и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ќе ја има улогата на модератор, но не се наведуваат други учесници на панелот за кој се предвидува да се одвива од 9 до 10 часот во хотелот „Бајерише Хоф“ во Минхен каде што и ќе се одржува конференцијата, која се отвора на 31 јануари.

„Дневник“ неофицијално дознава дека Самарас ја одбил поканата, со тоа што за јавноста не се познати причините поради кои грчкиот премиер одбил уште една можност за средба со македонскиот колега, на која би разговарал за проблемот број еден кој ја кочи Македонија во евро-атлантските интегративни процеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top