| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Молчиме за „мир во куќата“

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, во интервју за ракометниот портал „Balkan-handball.com“ изјави дека не е задоволен од учинокот на македонската репрезентација исто така откри и дел од проблемите со кои се соочува националниот тим.

Капитенот на репрезентацијата смета дека тимот не бил подготвен за одлучувачките моменти на мечот со Исланд.

Го имавме Исланд, но не трениравме, ниту пак бевме подготвени за одлучувачките моменти од натпреварот. Мора да се тренира за да сте подготвени и сигурни да одиграте како треба во такви моменти. Бев разочаран по поразот – рекол Лазаров.

Во досегашниот тек од првенството имаме три порази, едно реми и една победа. Примарната цел е исполнета, но е далеку од нашите очекувања. Сите се правиме дека сме задоволни само поради „мир во куќата“. Не ми се допаѓа таквиот пристап. Тоа во иднина може скапо да не чини. Лошите работи засега мајсторски ги покриваме – вели капитенот.

Лазаров проговори и за натурализацијата на играчи.

Натурализација? Без натурализирани играчи, играјќи со срце стигнавме до втората фаза. Во вториот круг се уште ништо немаме направено. Играчите не се согласуваат со тоа, но системот е таков, мора да се молчи. Не сме на добар пат.

Македонскиот бек смета дека нашата репрезентација може да им пружи добар отпор на Шпанците.

Шпанија не игра толку квалитетно како минатата година. Можеме да играме со нив. Ќе дадеме се од себе турнирот да го завршиме со стил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top