| четврток, 6 декември 2018 |

Реал си има рецепт за Еспањол и пак ги победи Каталонците со 1-0

Реал Мадрид си има победнички рецепт за Еспањол и двапати по ред ги надигра Каталонците со по 1-0 на гостувањата во барселона. Пред десетина дена во меч од шпанското првенство со голот на Пепе „кралевите“ славеа со 1-0, а и вечерва со идентичен резултат повторно беа подобри, овојпат во првиот четвртфинален дуел од шпанскиот куп.

Карим Бензема со погодок во 25. минута го одлучи победникот, за солидна залиха пред реваншот во Мадрид. Во останатите четвртфиналиња Барселона ќе игра со Леванте, Атлетико Мадрид ќе се судри со Атлетик Билбао, а на трофејот атакуваат и Реал Сосиедад и Расинг Сантандер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top