| четврток, 6 декември 2018 |

Нова олимписка дисциплина – по двајца во тоалет!

wc solji

Организаторот на најголемиот спортски настан, Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи потроши 51 милијарда долари, но по сѐ изгледа заборави да стави прегради меѓу вц-шолјите  во тоалетите.

Новинарот на „Би-Би-Си“ Стив Розенберг на социјалната мрежа „твитер“ постиви фотографија која со брзина на светлината го обиколи светот. Многумина останаа шокирани од фактот дека во машкиот тоалет има две вц-шолји, кои се наоѓаат една покрај друга, без никаква преграда. Ова фотографија е направено во тоалетот на олимпискиот бијатлон центар.

– Ми се чини дека гледам двојно вц во Сочи – напиша дописникот на „Би-Би-Си“ од Москва.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top