| четврток, 6 декември 2018 |

Стабилна е состојбата на трудниците заболени од грип

grip

Стабилна е состојбата на трудницте заболени од грип, јавува порталот „здравство24“ а се подобрува и здравствената состојба на другите две лица со симптоми на грип кои неколку дена беа во тешка состојба на Инфективната клиника.

Едната трудница од одделот за интензивна нега е префрлена на одделение, а другата сеуште е на нтензивна, но е подобро и не е на апарати.

И другите двајца пациенти кои беа во критична сосотојба се префрлени на одделение. Од клиниката додаваат дека сите пациенти се под постојан лекарски надзор.

Според лекарите во одредени случаи компликациите од грипот нагло може да ја влошат состојбата. Со симптоми  на грип на Инфективна се хоспитализирани 40-тина пациенти. Минатата недела од компликации од грипот почина 67 годишна жена од Велес. Жената имала  неколку хронични заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top