| четврток, 6 декември 2018 |

Папата ќе го посети Сараево

655-402-papa-francisk

Папата Франциск ќе го посети Сараево на 21 јуни годинава, објави Сараевската федерална телевизија. Како што пренесува телевизијата, тој треба да ја посети Босна и Херцеговина и по повод одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна и да упати порака за мир.

Ако информацијата на телевизијата е точна, тогаш ова ќе биде трета посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на БиХ. Претхотно тоа го стори папата Јован Павле Втори во 1997 година, а во 2003 година беше во посета на Бања Лука.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top